Тридневна временска прогноза (19.10.2021)

Тридневна временска прогноза (19.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 19  – 21 октомври 2021 година

Вторник 19.10.2021: Сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и тоа особено Долж Повардарието.Температурите остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Под влијание на топлата воздушна маса од југ, температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Четврток 21.10.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од јужен и од југоисточен правец.  Температурите остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.