Тридневна временска прогноза (15.01.2022)

Тридневна временска прогноза (15.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 15 – 17 јануари 2021 година

Сабота 15.01.2022: Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 3 степени, додека ,максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Недела 16.01.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.

Понеделник 17.01.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност и тоа особено во западните предели. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.  Температурите и тоа особено преку ден ќе бидат уште малку повисоки. Минималните пак ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.