Тридневна временска прогноза (17.08.2021)

Тридневна временска прогноза (17.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 17 август –  19 август 2021 година

Вторник 17.08.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Температурите ќе бидат уште повисоки и над просекот и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8). 

Среда 18.08.2021: Сончево и понатаму МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Температурите ќе бидат само за некој степен пониски за разлика од изминатите денови, но и понатаму сеуште високи, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 19 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).

Четврток 19.08.2021: Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат за неколку степени пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).