Тридневна временска прогноза (09.09.2021)

Тридневна временска прогноза (09.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 9 – 11 септември 2021 година

Четврток 09.09.2021: Умерено до значително облачно со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат за некој степен пониски во споредба со оние од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Петок 10.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на топол возду од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Сабота 11.09.2021:  Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, освен наутро кога ќе биде доста свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 15 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).