Тридневна временска прогноза (17.04.2020)

Тридневна временска прогноза (17.04.2020)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 17 – 19 април 2021 година

Сабота 17.04.2021: Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. На планините ќе има повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец и истиот повремено Долж Повардарието ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.

 

Недела 18.04.2021: Претежно облачно со повремено локални врнежи од дожд. Снег ќе врне само на највисоките планински места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, истиот повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.

Понеделник 19.04.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кој локално ќе бидат нешто поинтензивни. Локално ќе има услови за појава на грмежи а ќе дува и умерен ветер од западен и од северозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува. На високите планини ќе има услови за врнежи од снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени.