Тридневна временска прогноза (23.08.2021)

Тридневна временска прогноза (23.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 23 – 25 август 2021 година

Понеделник 23.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Вторник 24.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на нестабилност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Среда 25.08.2021: Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).