Тридневна временска прогноза (25.09.2021)

Тридневна временска прогноза (25.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 25 – 27 септември 2021 година

Сабота 25.09.2021: Претежно сончево и топло преку ден со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Недела 26.09.2021: Претежно сончево и топло со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро ќе биде свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 12 степени, додека максималните ќе бидат значително повисоки и над просекот за овој дел од годината, и тоа под влијание на топлата воздушна маса од југ и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Понеделник 27.09.2021: Претпладне сончево и топло со мала локална облачност, додека попладне и навечер облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат значително повисоки и над просекот за овој дел од годината, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 5).