Тридневна временска прогноза (12.08.2021)

Тридневна временска прогноза (12.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 12 август –  14 август 2021 година

Четврток 12.08.2021:  Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите иако за некој степен пониски, сепак и понатаму остануваат МНОГУ ВИСОКИ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).

Петок 13.08.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите иако за некој степен пониски, сепак и понатаму ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).

Сабота 14.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат околу просекот за овој дел од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 37 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 8 и 9).