Тридневна временска прогноза (30.11.2021)

Тридневна временска прогноза (30.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 30 ноември – 2 декември 2021 година

Вторник 30.11.2021: Под влијание на продор на студена воздушна маса од север, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Снежна покривка ќе се формира и на повисоките места, додека на планините ПОЗНАЧИТЕЛНО ќе се зголеми. Поради заладувањето услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, особено во западните и во северните предели. Попладне и навечер врнежите ќе престанат и ќе настапи разведрување и стабилизирање на времето. Ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 10 степени.

Среда 01.12.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец.  Поради разведрувањето наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Четврток 02.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источните предели, додека во западните ќе има услови за повремен локален дожд а на планините ќе има услови за провејување на снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец и истиот повремено на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Наутро сеуште ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.