Тридневна временска прогноза (28.06.2021)

Тридневна временска прогноза (28.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 28 – 30 јуни 2021 година

Понеделник 28.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа Долж Повардарието од северен и од северозападен, додека во западните предели од југозападен и од западен правец. Поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ, температурите и понатаму ќе се задржат многу високи. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Вторник 29.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност, особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер и тоа од западен и од југозападен, додека во останатите предели од северен и од североисточен правец. Температурите и понатаму остануваат МНОГУ ВИСОКИ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Среда 30.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне, особено во источните предели ќе има услови за локлана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите и тоа поради задржувањето на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ, остануваат МНОГУ ВИСОКИ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).