Тридневна временска прогноза (21.08.2021)

Тридневна временска прогноза (21.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 21 – 23 август 2021 година

Сабота 21.08.2021: Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со силен ветер и појава на град. Температурите ќе бидат за некој степен пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има вредност (7).

Недела 22.08.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бележат тенденција на мал пораст, особено дневните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека во Беровскиот регион истата се очекува да се спушти малку под 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Понеделник 23.08.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степени, додека во Беровскиот регион истата ќе се спушти малку под 10 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 7).