Тридневна временска прогноза (02.12.2021)

Тридневна временска прогноза (02.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 2 – 4 декември 2021 година

Четврток 02.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источните предели, додека во западните ќе има услови за повремен локален слаб дожд а на планините ќе има услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови. Ќе дува умерен ветер од јужен правец и истиот повремено на некои места повремено ќе засилува на интензитет. Наутро сеуште ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

Петок 03.12.2021: Претежно облачно со умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Од попладневните часови и тоа од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе преминуваат во снег. Температурите ќе бидат значително посивоки, особено наутро и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени, додека максималните ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Сабота 04.12.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите ќе бидат малку пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени.