Тридневна временска прогноза (08.03.2022)

Тридневна временска прогноза (08.03.2022)
 

Тридневна временска прогноза за Македонија, 8 – 10 март 2022 година

 

Вторник 08.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Температурите остануваат под просекот за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 9 степени во најтоплите предели од државава.

Среда 09.03.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со услови за слаби локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од североисточен правец. Температурите остануваат значително под просекот за овој период од годината. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 8 степени во најтоплите предели.

Четврток 10.03.2022:  Променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има и повремени локални послаби врнежи претежно од снег. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 8 степени во најтоплите предели од државава.