Тридневна временска прогноза (08.05.2021)

Тридневна временска прогноза (08.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  08 – 10 мај 2021 година

Сабота 08.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Локално ќе има нешто повеќе облачност а особено Долж Повардарието ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека посвежо ќе остане во северната половина од државава.

Недела 09.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

 

Понеделник 10.05.2021: Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.