Тридневна временска прогноза (19.04.2022)

Тридневна временска прогноза (19.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 19 – 21 април 2022 година

Вторник 19.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален слаб дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат доста ниски за овој период од годината и на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.

Среда 20.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален повремен слаб дожд, а ќе дува и слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, што значи сеуште дека истите ќе бидат релативно ниски, а максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Четврток 21.04.2022: Променливо облачно со услови за повремен локален слаб дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури сеуште ќе бидат ниски и понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, што значи дека ќе бидат повисоки за разлика од изминатите денови.