Тридневна временска прогноза (28.04.2021)

Тридневна временска прогноза (28.04.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 29 – 30 април 2021 година

Среда 28.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и топло. Попладне ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен, во западните предели повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.

Четврток 29.04.2021: Сончево и топло со мала до умерена, во текот на денот локално и позначителна облачност. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во источните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од јуженм и од југозападен правец, кој особено на западот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

 

Петок 30.04.2021: Сончево и значително потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.