Тридневна временска прогноза (18.01.2022)

Тридневна временска прогноза (18.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 18 – 20 јануари 2021 година

Вторник 18.01.2022: Сончево со мала, а во северните предели со умерена облачност, каде особено претпладне ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието ЗАСИЛЕН ветер од северен правец.  Температурите ќе бидат малку пониски, особено максималните. Минималните пак ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Среда 19.01.2022: Сончево, а особено долж Повардарието со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет.  Наутро температурите ќе бидат ниски и истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Четврток 20.01.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови од запад облачноста ќе се зголемува, и во западните предели особено навечер и во текот на ноќта кон петок ќе има повремени врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и на некои од ниските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, и истиот особено во западните предели ќе засилува на интензитет.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.