Тридневна временска прогноза (04.11.2021)

Тридневна временска прогноза (04.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 4 – 6 ноември 2021 година

Четврток 04.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Особено на запад ќе има услови за сосема слаб и локален дожд. Температурите на воздухот ќе бидат високи и натпросечни за овој период од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степени.

Петок 05.11.2021:  Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите остануваат високи и натпросечни за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 22 степени.

Сабота 06.11.2021: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе биде релативно тивко. Температурите и понатаму ќе бидат високи и натпросечни за овој период од годината, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.