Тридневна временска прогноза (20.01.2022)

Тридневна временска прогноза (20.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 20 – 22 јануари 2021 година

Четврток 20.01.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови од запад облачноста ќе се зголемува, и во западните предели особено навечер и во текот на ноќта кон петок ќе има повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, и истиот особено во западните предели ќе засилува на интензитет.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени.

Петок 21.01.2022:  Под влијание на влажен и студен воздушен бран времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од снег. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели, каде снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините истата ќе се зголемува. Тенка снежна покривка ќе се формира и во останатите места. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.  Температурите ќе бележат тенденција на значително опаѓање, особено максималните. Минималните пак ќе бидат малку повисоки и тоа поради облачноста и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 5 степени во најтоплите предели.

Сабота 22.01.2022: Сончево и студено со умерена облачност и со слаб до умерен, а Долж Повардарието и во источните предели засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за локално и сосема слабо провејување на снег.  Температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -3 степени, додека на планинските места на северозападот истите се очекува да се спуштат и под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени. Во крајните југоисточни предели истите се очекува да се искачат до околу 5 степени.