Тридневна временска прогноза (20.12.2021)

Тридневна временска прогноза (20.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 20 – 22 декември 2021 година

Понеделник 20.12.2021: Сончево со умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Во северните планински предели ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Наутро ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, додека максималните ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

Вторник 21.12.2021: Сончево и студено со мала локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите повторно ќе бележат тенденција на опаѓање, и тоа поради влијанието на студената воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен, додека во северозападните планински предели истите се очекува да се спуштат под -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.

Среда 22.12.2021: Сончево и студено со мала локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.  Минималните температури ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени, додека во западните планински предели истите се очекува да се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.