Тридневна временска прогноза (07.09.2021)

Тридневна временска прогноза (07.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 7 – 9 септември 2021 година

Вторник 07.09.2021 Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 4).

Среда 08.09.2021 Умерено, локално и позначително облачно, додека кон крајот на денот и навечер, особено на југоистокот ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде доста свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 5).

Четврток 09.09.2021: Умерено до значително облачно со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат за некој степен пониски во споредба со оние од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 4).