Тридневна временска прогноза (15.10.2021)

Тридневна временска прогноза (15.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 15  – 17 октомври 2021 година

Петок 15.10.2021: Облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите остануваат да бидат потпросечни за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.

Сабота 16.10.2021:  Променливо облачно и потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Ќе има услови и за локален краткотраен слаб дожд. Температурите ќе бидат нешто повисоки за разлика од изминатите денови, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.

Недела 17.10.2021: Променливо облачно и уште потопло со услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.