Тридневна временска прогноза (23.05.2022)

Тридневна временска прогноза (23.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 23 – 25 мај 2022 година

Понеделник 23.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава и на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Вторник 24.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и навечер локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

Среда 25.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат уште повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 16 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.