Тридневна временска прогноза (05.07.2021)

Тридневна временска прогноза (05.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 5 – 7 јули 2021 година

Понеделник 05.07.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има услови и за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите и понатаму ќе останат пријатно високи и не се очекуваат некој пеколни горештини. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Вторник 06.07.2021: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец и истиот Долж Повардарието ќе засилува. Температурите ќе бидат малку повисоки за разлика од изминатите денови. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Среда 07.07.2021: Претежно сончево и топло со мала локална облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради продор на топла воздушна маса од југ ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени.