Тридневна временска прогноза (20.04.2022)

Тридневна временска прогноза (20.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 20 – 22 април 2022 година

Среда 20.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален повремен слаб дожд, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, што значи сеуште дека истите ќе бидат релативно ниски, а максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Четврток 21.04.2022: Променливо облачно со услови за повремен локален слаб дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури сеуште ќе бидат ниски и понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени, што значи дека ќе бидат повисоки за разлика од изминатите денови.

Петок 22.04.2022: Променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди, но и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Особено во попладневните и во вечерните часови и тоа особено во западните предели ќе има појава на повремен локален дожд, а ќе има услови и за ретка појава на нестабилност проследена со грмежи. Минималните температури ќе бидат во ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.