Тридневна временска прогноза (03.08.2021)

Тридневна временска прогноза (03.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 3 август –  5 август 2021 година

Вторник 03.08.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на некои места повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец. Температурите нема многу да се менуваат и остануваат екстремно високи, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 44 степени во најтоплите предели од државава. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9). 

Среда 04.08.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено на некои места залилен ветер од западен правец. Температурите поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ (северните предели на Африка) остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и над просекот за овој период од годината. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).

Четврток 05.08.2021: Сончево и понатаму ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за краткотрајна и изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен правец. Температурите и понатаму остануваат натпросечно високи, минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени. Долж Повардарието и на југоистокот истите има услови да се искачат и до околу 43 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).