Тридневна временска прогноза (29.01.2022)

Тридневна временска прогноза (29.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 29 – 31 јануари 2021 година

Сабота 29.01.2022: Променливо облачно и постудено со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за локално провејување на снег, особено во северните предели и во претпладневните часови. Наутро температурите ќе бидат малку повисоки, и тоа поради облачноста и истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Недела 30.01.2022:  Сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот во северните предели ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локално проврнување на дожд и снег. Наутро сепак ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минималните температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Понеделник 31.01.2022: Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Во вечерните часови облачноста полека ќе се зголемува. Наутро температурите ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 1 степен, а малку повисоки ќе бидат и максималните дневни температури, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.