Тридневна временска прогноза (14.06.2021)

Тридневна временска прогноза (14.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  14 – 16 јуни 2021 година

Понеделник 14.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Особено во попладневните часови во северните и во североисточните предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 28 степени.

Вторник 15.06.2021: Сончево со умерена, локално и повремено позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 14 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 28 степени.

Среда 16.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 31 степен.