Тридневна временска прогноза (21.12.2021)

Тридневна временска прогноза (21.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 21 – 23 декември 2021 година

Вторник 21.12.2021: Сончево и студено со мала локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите повторно ќе бележат тенденција на опаѓање, и тоа поради влијанието на студената воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен, додека во северозападните планински предели истите се очекува да се спуштат под -10 степени. Максималните дневни пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.

Среда 22.12.2021: Сончево и студено со мала локална облачност. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец.  Минималните температури ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени, додека во западните планински предели истите се очекува да се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Четврток 23.12.2021: Сончево и студено со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат многу ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 6 степени.