Тридневна временска прогноза (31.08.2021)

Тридневна временска прогноза (31.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 31 август – 2 септември 2021 година

Вторник 31.08.2021: Сончево и топло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат без поголеми промени и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Среда 01.09.2021: Сончево, попладне и навечер со умерена локална облачност, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, и истиот Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите остануваат без поголеми промени, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 33 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Четврток 02.09.2021: Претежно сончево и посвежо, со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите поради спуштање на посвежа воздушна маса од север ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).