Тридневна временска прогноза (30.06.2021)

Тридневна временска прогноза (30.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 30 јуни – 2 јули 2021 година

Среда 30.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне, особено во источните предели ќе има услови за локлана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите и тоа поради задржувањето на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ, остануваат МНОГУ ВИСОКИ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Четврток 01.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец и локално истиот повремено ќе засилува. Температурите поради задржување на многу топлата воздушна маса од југ и понатаму ќе останат МНОГУ ВИСОКИ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Петок 02.07.2021: Сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите на воздухот ќе бидат за неколку степени пониски. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност ( коефициент помеѓу 10 и 11).