Тридневна временска прогноза (10.09.2021)

Тридневна временска прогноза (10.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 10 – 12 септември 2021 година

Петок 10.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради продор на топол воздух од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Сабота 11.09.2021:  Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, освен наутро кога ќе биде доста свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 15 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Недела 12.09.2021: Сончево и топло со умерена, локално и позначителна облачност. Кон крајот на денот во крајните западни предели ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, остануваат релативно високи. Само наутро ќе биде релативно свежо, со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 16 степени, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).