Тридневна временска прогноза (05.10.2021)

Тридневна временска прогноза (05.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 5  – 7 октомври 2021 година

Вторник 05.10.2021: Сончево и РЕЛАТИВНО ТОПЛО преку ден со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ветерот Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Наутро сепак ќе биде СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

 Среда 06.10.2021: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта од запад ќе започнат врнежи од дожд. Наутро температурите ќе бидат повисоки и тоа поради зголемувањето на облачноста и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Четврток 07.10.2021: Под влијание на изразен влажен бран од запад, времето ќе биде облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖО со врнежи од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Локално ќе наврне ЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 40 л/м2). Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО опаѓање, особено дневните. Минималните температури пак ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.