Тридневна временска прогноза (28.07.2021)

Тридневна временска прогноза (28.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 28 – 30 јули 2021 година

Среда 28.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне мали се условите за ретка појава на краткотраен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите и понатаму остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).

Четврток 29.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ (северните предели на Африка) остануваат екстремно високи. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).

Петок 30.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност  и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Повремено ветерот на некои места ќе засилува. Температурите и понатаму остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на многу топлата воздушна маса од југ (северните предели на Африка). Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициетн помеѓу 9 и 10).