Тридневна временска прогноза (15.04.2022)

Тридневна временска прогноза (15.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 15 – 17 април 2022 година

Петок 15.04.2022: Сончево и уште потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури насекаде ќе бидат над нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Сабота 16.04.2022: Облачноста постепено ќе се зголемува и доцна попладне и навечер ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и навечер и тоа Долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Недела 17.04.2022: Облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и истите локално и тоа особено во јужните и во југоисточните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На планините и на повисоките места врнежите од дожд полека ќе преминуваат во врнежи од снег со што ќе дојде до формирање на нова снежна покривка.  Ќе дува засилен ветер од северен правец, додека минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 8 што значи дека ќе бидат повисоки и тоа поради облачноста, додека максималните дневни температури ќе бидат пониски дури за повеќе од десет степени во споредба од претходните денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.