Тридневна временска прогноза (09.05.2022)

Тридневна временска прогноза (09.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 9 – 11 мај 2022 година

Понеделник 09.05.2022: Сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови особено во планинските предели ќе има услови за појава на локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени, што значи дека истите нема многу да се менуваат за разлика од оние кои ги имавме изминатите утрини, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27 степени, односно истите ќе бележат тенденција на пораст.

Вторник 10.05.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во попладневните часови локално ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10, што значи дека истите ќе бидат без променли, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Среда 11.05.2022: Сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови локално, и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури и понатаму ќе бидат без промени и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.