Тридневна временска прогноза (28.01.2022)

Тридневна временска прогноза (28.01.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 28 – 30 јануари 2021 година

Петок 28.01.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Кон крајот на денот и навечер облачноста ќе се зголемува и ќе има локални врнежи од снег и тоа особено во западните предели. Минималните температури насекаде ќе бидат негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Сабота 29.01.2022: Променливо облачно и постудено со умерен до засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за локално провејување на снег. Наутро температурите ќе бидат малку повисоки, и тоа поради облачноста и истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Недела 30.01.2022:  Сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот во северните предели ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локално проврнување на дожд и снег. Наутро сепак ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минималните температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.