Тридневна временска прогноза (17.02.2022)

Тридневна временска прогноза (17.02.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 17 – 19 февруари 2022 година

Четврток 17.02.2022: Сончево и натпросечно топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури остануваат насекаде во позитива и истите ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе бидат значително повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.

Петок 18.02.2022: Сончево и натпросечно топло со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури остануваат речиси насекаде позитивни и ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој период од годината.

Сабота 19.02.2022: Сончево и натпросечно топло со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Особено во вечерните часови и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Минималните температури ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите утрини и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.