Тридневна временска прогноза (26.08.2021)

Тридневна временска прогноза (26.08.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 26 – 28 август 2021 година

Четврток 26.08.2021:Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен локален дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а попладне и тоа особено во западните предели повремено засилен ветер од западен правец.  Температурите нема многу да се менуваат во споредна со оние од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Петок 27.08.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе бидат за некој степен повисоки во однос на овие од изминатите денови, особено максималните. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Сабота 28.08.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).