Тридневна временска прогноза (28.10.2021)

Тридневна временска прогноза (28.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 28  – 30 октомври 2021 година

Четврток 28.10.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Температурите ќе бидат без поголеми промени и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 19 степени.

Петок 29.10.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.  Температурите ќе бидат без поголеми промени и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 19 степени.

Сабота 30.10.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималните температури нема многу да се менуваат, додека минималните ќе бележат тенденција на пораст, иако на некои места сеуште ќе бидат негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 19 степени.