Тридневна временска прогноза (22.11.2021)

Тридневна временска прогноза (22.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 22 – 24 ноември 2021 година

Понеделник 22.11.2021: Претежно облачно. Попладне и навечер со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.  Температурите нема многу да се менуваат, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 17 степени.

Вторник 23.11.2021: Претежно облачно. Особено во западните и јужните предели со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот и тоа особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.  Наутро температурите ќе бидат повисоки, и тоа поради облачноста и истите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Среда 24.11.2021:  Претежно облачно. Особено во јужните предели со услови за повремен локален дожд, особено во претпладневните часови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.  Температурите ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите денови, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 7 степени. Максималните пак ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 13 степени.