Тридневна временска прогноза (15.12.2021)

Тридневна временска прогноза (15.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 15 – 17 декември 2021 година

Среда 15.12.2021: Променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Четврток 16.12.2021: Променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите нема многу да се менуваат во споредба со оние од изминатите денови и истите ќе истанат и понатаму релативно ниски. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.

Петок 17.12.2021: Променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Во североисточните планински предели ќе има услови за слабо провејување на снег. Температурите ќе бидат без поголеми промени и минималните ќе се спуштаат во интервалот од =6 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени.