Тридневна временска прогноза (22.09.2021)

Тридневна временска прогноза (22.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 22 – 24 септември 2021 година

Среда 22.09.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на значително постуден воздух од север, на највисоките планински врвови не се исклучува можноста и за провејување на снег. Температурите ќе бидат уште пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 26 степени, кон крајот на денот значително ќе започнат да опаѓаат. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 5).

Четврток 23.09.2021: Сончево и СВЕЖО со умерена локална облачност и со умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Наутро ќе биде и СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 11 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).

Петок 24.09.2021: Сончево и потопло преку ден со умерена локална облачност, особено во источните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Наутро ќе биде доста студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 9 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има умерено висока вредност (коефициент 6).