Тридневна временска прогноза (30.10.2021)

Тридневна временска прогноза (30.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 30 октомври – 1 ноември 2021 година

Сабота 30.10.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималните температури нема многу да се менуваат, додека наутро и понатаму ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени.

Недела 31.10.2021: Претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури и понатаму ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 3 степени, додека максималните дневни ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 20 степени.

Понеделник 01.11.2021: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Кон крајот на денот од запад облачноста ќе започне да се зголемува. Наутро и понатаму ќе биде студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 3 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 19 степени.