Тридневна временска прогноза (18.10.2021)

Тридневна временска прогноза (18.10.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 18  – 20 октомври 2021 година

Понеделник 18.10.2021:  Сончево и релативно топло со умерена локална облачност. Повремено и локално облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите и тоа особено максималните ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Минималните пак ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.

Вторник 19.10.2021: Сончево и релативно топло преку ден со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и тоа особено Долж Повардарието.Температурите остануваат релативно високи, и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса од југ, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.

Среда 20.10.2021: Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Под влијание на топлата воздушна маса од југ, температурите остануваат релативно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 19 степени.