Тридневна временска прогноза (28.04.2022)

Тридневна временска прогноза (28.04.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 28 – 30 април 2022 година

Четврток 28.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремен локален дожд и ретки грмежи, и тоа особено попладне. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 13 степени, додека максималните ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 19 до 26 степени.

Петок 29.04.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Особено попладне и тоа во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи. Минималните температури ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.

Сабота 30.04.2022: Променливо облачно и уште малку посвежо со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилување на ветерот. Минималните температури ќе бидат малку пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.