Тридневна временска прогноза (29.12.2021)

Тридневна временска прогноза (29.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 29 – 31 декември 2021 година

Среда 29.12.2021: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Ќе има појава и на повремен локален дожд. Температурите и понатаму остануваат високи и натпросечни со што ќе продолжи топењето на снежната покривка на планинските места. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Четврток 30.12.2021:  Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите сепак остануваат високи и натпросечни и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Петок 31.12.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. За време на новогодишната ноќ пак времето ќе биде ведро и не многу студено со појава на умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, додека температурите ќе се движат во интервалот од 1 до 8 степени, што значи дека истите насекаде ќе бидат позитивни.