Тридневна временска прогноза (09.06.2021)

Тридневна временска прогноза (09.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  9 – 11 јуни 2021 година

Среда 09.06.2021: Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Четврток 10.06.2021: Променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Петок 11.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Особено попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.