Тридневна временска прогноза (12.05.2022)

Тридневна временска прогноза (12.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 12 – 14 мај 2022 година

Четврток 12.05.2022: Сончево и УШТЕ ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури и понатаму нема да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Петок 13.05.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, што значи дека истите ќе бидат сосема малку повисоки за разлика од изминатите утрини, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Сабота 14.05.2022: Сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град. Минималните температури ќе бидат нешто повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите можно е да се искачат и малку над 30 степени.