Тридневна временска прогноза (01.09.2021)

Тридневна временска прогноза (01.09.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 1 – 3 септември 2021 година

Среда 01.09.2021: Сончево, попладне и навечер со умерена локална облачност, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, и истиот Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите остануваат без поголеми промени, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 32 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Четврток 02.09.2021: Претежно сончево и посвежо, со умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите поради спуштање на посвежа воздушна маса од север ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).

Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат пониски, особено наутро и тоа поради влијанието на свежата воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).